Вака не се станува шампион: Борусија за 15 минути прокоцка водство од 3:0 на свој терен

Борусија Дортмунд киксираше на свој терен, откако одигра 3:3 и освои само еден бод во дуелот против Хофенхајм, во меч од 21. коло на Бундес лигата. „Милионерите“ може да жалат за триумфот, бидејќи имаа убедливо водство од 3:0 до 15 минути пред крајот на средбата.

Сепак, дека ништо не се знае до самиот финиш, посебно кога се работи за германски екипи, покажа Хофенхајм. Од 75 минута до 88 минута, гостите дадоа три гола и ги шокираа домашните навивачи, кои веќе беа подготвени да прослават триумф.

Шест гола, но без победник заврши и дуелот меѓу Волфсбург и Хановер, додека Херта даде три гола на гости за убедлива победа против Борусија Менхенгладбах.

Ремито на Борусија е мотив за Баерн кој за еден час на свој терен игра против Шалке и со евентуални три бода ќе дојде на само пет бода заостанување.

Резултати: Борусија М. – Херта 0:3, Борусија Д. – Хофенхајм 3:3, Фрајбург – Волфсбург 3:3, Хановер – Нирнберг 2:0, Лајпциг – Ајнтрахт 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести