Вниманието на светската фудбалска јавност го привлече големото оштетување на стадионот на англискиот четвртолигаш Вимблдон, која беше предизвикана од врнежите и поплавите во овој регион на Велика Британија.
Фотографиите изгледаа страшно, а сега од Вимблдон се пофалија дека штетата е санирана и само за неколку дена е поставена нова трева на стадионот. Санацијата чинела 110.000 евра, а премиерлигашот Њукасл донирал 17.000 евра кои недостигале до конечната сума.
Lo que sucedió en el Plough Lane es increíble. Llovió lo que debería llover en un mes. Sacaron más de 100.000 lts de agua de la superficie. El Newcastle les donó 15,000£ y los fanáticos del Wimbledon han recaudado 100.000£ para ayudar con la recuperaciónpic.twitter.com/b6sZygXprk
— Ascenso Inglés (@AscensoInglesok) September 26, 2024
Сепак, нема да може веднаш да се играат натпревари, потребно ќе биде да помине некое време додека да почне новиот тревник да се користи.