Светското првенство во ватерполо е во својата кулминација. Во трка за медалите останаа најдобрите четири селекции. Грција и Шпанија ќе играат во првото полуфинале, а во второто ќе се соочат Србија и Унгарија.
Од четвртфиналните дуели, посебно за одбележување е еден момент од дуелот меѓу Грција и Италија. Грците победија со 17:11, а освен резултатот, ќе се памети инцидентот, односно фаулот кој се случи во првата четвртина.
Италијанскиот ватерполист Матео Локи Грата беше исклучен уште во првата четвртина поради еден брутален фаул. Грата со колено директно во главата го удри Гркот Стилијанос Аргиропулос.
Од грчкиот табор веднаш побараа да се прегледа снимката, а подводната камера покажа дека имаше брутален фаул. Италија доби исклучување од четири минути, што Грција максимално го искористи и по првата четвртина водеше со 6:1.
View this post on Instagram
По мечот, Италијанецот Грата се извини. „Жал ми е што ги разочарав свите соиграчи, но и навивачите. Немав намера да го удрам противникот. Бев во движење и не успеав да се сопрам“, рече Грата.