Кристијано Роналдо мина неславно во битката за Златната топка на „Франс фудбал“ и заврши на 20-тото место, пласман што е ист како тој за Португалецот во 2020 година.
Ranked at the 20th place for the 2022 Ballon d’Or! @Cristiano@ManUtd#ballondor pic.twitter.com/omidUm8DQO
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) October 17, 2022
Роналдо е петктратен освојувач на ова престижно признание, што вечерва за првпат по сè изгледа ќе го добие Карим Бензема.
Интересно е што Лионел Меси, кој е рекордер со 7 Златни топки, не се најде на списокот со 30-темина најдобри играчи за 2022 година, а последен пат тоа му се случи во 2005 година, што има голема симболика.
Меси и Роналдо доминираат во последните години и заедно освоија 12 признанија во последните 13 изданија, а само Лука Модриќ успеа да им ја разбие апсолутната доминација во 2018 година.
Вечерва во Париз од 19.30 часот ќе се одржи свечената церемонија и доделувањето на Златната топка.