Во денешната понуда на Sport Life како специјален сингл се издвојува дуелот меѓу Македонија и Бугарија, кој ќе се одигра во Разград на стартот од новиот циклус во Лигата на нациите.
Сите поддржувачи на Рисовите имаат добра прилика да го покажат своето типстерско знаење, па заедно со посакуваната победа да се обидат да си ги наполнат џебовите.
Можете да типувате на прв стрелец во мечот, време на првиот гол, вкупен број корнери, жолти картони, вкупно удари во рамките на голот, за големите визионери има дури и на каков начин ќе се постигне првиот гол на средбата, дали со нога, со глава, од слободен удар или пенал.
Како доста примамлива игра е евентуален триумф на Македонија и притоа Елиф Елмас да биде стрелец, за што се нуди квота 6.
Уште поголема е квотата за Елмас да биде прв стрелец на мечот, 8.50, или доколку сакате посигурна опција, џелатот од Палермо, Александар Трајковски, носи квота 4.50 за да биде првиот играч што ќе се радува на гол.
Можеби Македонија ќе го добие првиот пенал на средбата, за тоа се нуди квота 4.50.
Понудата е богата и не се пропушта, со мала доза на концентрација и умешност, може да се најде добитната комбинација за вечерва да се слави двојно, триумф на Рисовите и многу добитни тикети.