Ваква драма немало во НБА, освои „мртва“ топка, па со тројка ги нокаутира домаќините (Видео)

Мемфис гризлис приредија драматичен подвиг и пресврт на гостувањето кај Јута џез и од негатива од 118:112 што ја имаа на една и пол минута до крајот со фантастична серија од 7:0, победија со 119:118.

Јунак беше Џерен Џексон јуниор со потфат што ретко се гледа и во НБА-лигата.

На 12,4 секунди до крајот, при предност на Јута од 118:116, Џексон освои „мртва“ топка во дуелот со Руди Гобер, а потоа погоди тројка за победа на 6,7 секунди до крајот на мечот.

Во последниот напад се обиде да возврати Донован Мичел, но промаши за голема радост на кошаркарите на Мемфис, кои сега имаат позитивен биланс од 9 победи и 8 порази.

Голем пресврт направија и кошаркарите на Бруклин нетс и двоцифрената негатива од полувремето против Кливленд кавалирс ја претворија во победа од 117:112 како гости.

Со фантастично одиграно прво полувреме што го добија со 77:36, шампионите од Милвоки го декласираа Орландо меџик со 123:92.

На крајот на третиот период, разликата беше огромна, 49 поени разлика, 105:56 за Бакс, но Орландо успеа да ја добие последната четвртина со 36:18 и да го ублажи високиот пораз.

Резултати: Кливленд – Бруклин 112:117, Вашингтон – Шарлот 103:109, Атланта – Оклахома 113:101, Бостон – Хјустон 108:90, Чикаго – Индијана 77:109, Милвоки – Орландо 123:92, Њу Орлеанс – Минесота 96:110, Сан Антонио – Феникс 111:115, Јута – Мемфис 118:119, Сакраменто – Филаделфија 94:102.

- Оглас -

Најнови вести