Навивачите на Англија ќе бидат во огромно мнозинство на „Вембли“ во финалето против Англија, а колоритот во „црвено-бели“ бои доминира и на неколку часа пред мечот за титулата што ќе почне во 21 часот.
Култниот стадион во Лондон ќе прими околу 68 илјади гледачи, а за Италијанците има околу 8 илјади билети за тие што живеат во Велика Британија и околу илјада за симпатизери што ќе доптауваат од Италија.
Атмосферата се загрева пред стартот на финалето, а има и необични фотографии што постојано се објавуваат на социјалните мрежи.
Англија ја чека својата прва европска круна, а Италија ако победи по вторпат по 1968 година ќе биде европски првак.