Јанис Адетокумбо беше најпрецизен на Олстар-мечот утрово во Шарлот, но неговиот тим загуби од избраниците на Леброн Џејмс. И покрај тоа што не успеа на крајот да се радува на победата, Адетокумбо покажа што значи да си лидер на тимот. Тој го имаше и потегот на мечот, откако по една неверојатно додавање на Стеф Кари, успеа монструозно да ја забие топката во кошот.
Descending from the mountain Olympus pic.twitter.com/S14UtPa4wF
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 18, 2019
Освен забивањето на популарнито Грик Фрик, публиката најмногу овации даде за Дирк Новицки. Легендарниот Германец доби покана да биде дел од Олстарот, одигра само четири минути, но и тоа беше доволно за да направи шоу. Упати само три шута за тројка и сите три ги погоди.