17.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Вакво нешто на Јувентус му се нема случено повеќе од 16 години

Поразот од Реал Мадрид за Јувентус значеше дека нивната серија без победа порасна на седум меча. „Старата дама“ нема победа на последните четири средби од Серија А и на три меча во Лигата на шампионите, а такво нешто им се нема случено повеќе од 16 години.

На седумте меча, Јувентус има пет нерешени, но и два порази во низа, а во периодот април-мај 2009 година имаат осум натпревари без победа, односно шест нерешени и два порази.

Јувентус тогаш од клупата беше предводен од Клаудио Раниери. „Старата дама“ и во следното коло има тежок предизвик, бидејќи ќе му гостува на Лацио на „Олимпико“ во Рим.

- Оглас -

Најнови вести