Вакво прво полувреме во Ел Класико не е видено со децении (Видео)

Барселона води со 4:2 против Реал Мадрид во едно од најневеројатните дерби дуели на овие два ривали во последните неколку децении. Реал Мадрид одлично започна и со головите на Килијан Мбапе поведе со 2:0.

Првиот погодок на Мбапе беше од пенал во третата минута.

Потоа францускиот голгетер одлично го реализираше контра нападот во 14 минута за предност на гостите од 2:0.

Ваквиот почеток на мечот не ги збуни фудбалерите на Барселона, затоа што потоа следуваше шоу на домаќините. Ерик Гарсија намали на 1:2 во 19 минута и тоа беше најава за пресвртот кој следуваше.

Во 32 минута Барселона израмни на 2:2 со прекрасниот погодок на Ламин Јамал.

Само две минути подоцна, нова радост за домаќините, а овојпат Рафиња погоди за целосен пресврт и водство на Барселона од 3:2 во 34 минута.

 

Печат на историското прво полувреме стави Рафиња со неговиот втор погодок за 4:2 за Барселона во 45 минута.

- Оглас -

Најнови вести