Валнсија четврти натпревар по ред во Ла Лига не знаат за пораз и веќе гледаат кон опстанокот. „Лилјаците“ победија со 1-0 над Мајорка на домашен терен со голот на Диего Лопес во 50-тата минута и сега има четири поени предност пред екипите кои се во опасната зона.
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој меч не доби шанса и остана на клупата за резервни фудбалери.
Атлетик Билбао одигра само 0-0 на домашен терен против Осасуна и веќе стравува за четвртата позиција на табелата, која носи пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.