Валенсија нанижа три европски прваци, го згаснаа и Фенер со чудесен пресврт (Видео)

Валенсија игра извонредно во Евролигата и успеа третпат по ред да победи против екипа што била европски првак и по успесите против Макаби Тел Авив и Панатинаикос, вечерва славеше и против Фенербахче во Истанбул.

Популарните Лилјаци приредија вистински подвиг вечерва и анулираа негатива од 10 поени на полувремето и победија со 90:86.

По две четвртини Фенербахче водеше со 43:33 и се чинеше дека ќе ги сопре разиграните кошаркари на Валенсија, но се случи голем пресврт.

Се разиграа Сем Ван Росом со 20 поени и Камен Препелиќ кој постигна 13 поени, сите во второто полувреме, а ист учинок имаше и Дерик Вилијамс.

Кај Фенербахче најефикасен беше Дешон Пјер со 18 поени. Валенсија има 7 победи и три порази на делба на четвртото место со Баерн, додека Фенер има само четири победи и 7 порази.

- Оглас -

Најнови вести