Некогашниот тренер на англискиот Вотфорд, Чави Гарсија е наименуван за нов стратег на Валенсија. Гарсија доаѓа на местото на Алберет Селадес кој доби отказ по завршување на една од послабите сезони на клубот во последните години.
Валенсија имаше сезона за заборав, затоа што на крајот освои само 53 бодови, што беше доволно за деветото место на табелата во Примера и не се избори за излез во Европа. Гарсија во Шпанија има работено во Алмерија, Осасуна, Малага, Вилјареал, а бил тренер и во Рубин Казан во Русија. Оваа сезона Гарсија не работеше, а последното тренерско место му беше во Вотфорд.
➡️ https://t.co/GbtcGZjgQo#AMUNTValencia 🖤 pic.twitter.com/yVuzTq0sTE
— Valencia CF 🦇💯 #AMUNTWorld 🌍 (@valenciacf) July 27, 2020