Валенсија никако да победи кога е фаворит

Валенсија повторно не успеа да победи во ситуација кога е фаворит, а Еспањол си освои еден бод на „Месталја“ во реми без голови.

Домаќините ја имаа иницијативата, постојано напаѓаа, но не најдоа рецепт барем еднаш да ја затресат мрежата на тимот од Барселона.

Валенсија остана на осмото местото со 32 бода, надвор од зоната на позиции кои водат во Европа.

Еспањол е на 13-тата позиција со три бода помалку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести