Валенсија после долго време не е во опасната зона, Столе Димитриевски повторно остана на клупа (Видео)

Валенсија и трет натпревар по ред нема пораз во шпанската Ла Лига и после долго време не е во опасната зона за испаѓање. „Лилјаците“ одиграа нерешено, 1-1, на гостувањето кај Виљареал, а нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, повторно беше само резерва.

Виљареал поведе преку Пепе Гује во 32-рата минута, а конечните 1-1 ги постави Умар Садик во 84-тата минута. Валенсија сега има 23 бода, колку што имаат и Лас Палмас и Еспањол, додека Леганес има бод повеќе на 15-тата позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести