Македонскиот прволигаш Работнички го презентираше најновото засилување кое го официјализираше во последните моменти од зимскиот преоден рок. Тимот од Дебар Маало се засили со офанзивецот Валон Ахмеди, кој ќе го носи дресот со број „7“.
Ахмеди ќе има право на настап веќе во следниот натпревар против Воска Спорт претстојниот викенд.
Работнички ја започна пролетната полусезона со пораз од Шкупи на Чаир и се надева дека ќе се врати на победнички патеки во второто пролетно коло.