-1.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Валверде голот против Атлетико го постигна со шут кој имаше брзина поголема од 100 км на час (Видео)

Реал Мадрид в недела ќе игра во финалето на Суперкупот на Шпанија, откако со 2:1 го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид. Победата на Кралевите ја најави  Федерико Валверде со фантастичниот погодок по само 75 секунди од почетокот на мечот.

Беше досуден слободен удар за Реал, а Валверде реши директно да шутира во голот, иако беше на повеќе од 25 метри одалеченост од голот. Уругвајскиот репрезентативец кој е познат по силниот шут, упати вистинско фудбалското торпедо, а чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше немоќен да одбрани.

Подоцна пресметано е дека шутот на Валверде бил упатен со фантастични 108 километри на час, а погодокот може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести