Вирџил ван Дајк ја доби наградата за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона. Холандскиот дефанзивец беше столб во одбраната на Ливерпул и вистински предводник за освојување на трофејот. Освен што беше непогрешлив во дефанзивните задачи, Ван Дајк покажа дека е и неверојатно брз.
Според мерењата на спринтовите кои ги правеле играчите во Лигата на шампиони за минатата сезона, Холанѓанецот е најбрзиот. Во полуфиналето против Барселона било измерено дека Ван Дајк во еден момент трча со брзина од 34,5 километри на час. Да е уште поневеројатно, тој спринт е направен во 91-вата минута од дуелот, кога каталонскиот гигант направи контранапад.
https://twitter.com/i/status/1139913818077880320
Веднаш зад Вај Дајк е Лерој Сане од Манчестер сити, кој има трчано со брзина од 34,4 километри на час. Трет е Кајл Вокер со 34,2 км на час.
https://twitter.com/SquawkaNews/status/1168863964584976384