Ливерпул и на 22-риот меч сезонава во Премиерлигата даде гол, ваква серија во Англија не е видена од 2001/2002 кога Арсенал даваше голови на сите 38 меча во сезоната и стана шампион. Ворџил Ван Дајк му донесе водство на Ливерпул во дербито со најлутиот ривал Манчестер јунајтед, а голот падна по добро изведен корнер на Трент Александер Арнолд.
Јунајтед сезонава прими дури осум гола после корнер, со што се изедначи со Астон Вила и Норвич. Никој нема повеќе примени голопо по центаршути од аголот. Очигледно во Ливерпул знаеја која е слабата точка на Црвените ѓаволи и добро ја искористија.
Ливерпул по првото поливреме води 1-0, а да не постоеше ВАР, сега ќе беше 3-0. Два гола беа поништени по прегледување на снимка, а за едниот има нова лавина коментари дали требало да се поништи или не.