Ван Дајк: Ливерпул е најдобриот клуб на светот

Англискиот премиерлигаш Ливерпул ја обезбеди својата 20-та шампионска титула во Англија четири кола пред крајот на сезоната, откако убедливо го совлада Тотенхем со 5-1.

Капитенот Вирџил ван Дајк не ги криеше емоциите по натпреварот.


„Неверојатно е. Имаше многу емоции, не само денес, туку и во текот на целата недела. Ја завршивме нашата задача и сосема заслужено сме шампиони. Ова е најдобриот клуб на светот. Заслужено го славиме овој момент. Сега треба да уживаме во наредните две недели“, изјави Ван Дајк по триумфот.

„Очајно сакавме да ја освоиме титулата заради нашите навивачи тука и ширум светот, но и заради нас самите. Во последниве пет години освоивме две титули во Премиер лигата“, додаде капитенот на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести