33.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Ван Дајк суспендиран за првиот осминафинален дуел

Вирџил ван Дајк ќе отсуствува од составот на Ливерпул за првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Холанѓанецот во победата над Наполи со 1-0 го заработи третиот жолт картон во групната фаза, по што му следува суспензија од еден меч.

Знаејќи дека „црвените“ како второпласирани патуваат во нокаут-фазата, првиот дуел ќе го играат пред своите навивачи на „Енфилд“, па на тој меч ќе треба да се бранат без најскапиот дефанзивец во фудбалската историја.

Во дуел со Мертенс, Ван Дајк успеа прв да стигне до топката, но стартот со отворена копачка, по кој можеше да дојде до тешка повреда на белгискиот напаѓач, беше сигнализиран како прекршок за жолт картон.

https://twitter.com/StilesYorke/status/1072623108559908864

Излекувањето на осминафиналните парови ќе биде на 17-ти декември, понеделник. Првите дуели ќе се играат на 12-ти и 13-ти февруари, односно 19-ти и 20-ти февруари, додека реванш-пресметките се предвидени за петти и шести март, односно 12-ти и 13-ти март.

- Оглас -

Најнови вести