Убедливиот пораз од Волфсбург со 1-4 на домашен терен беше 15-ти бундеслигашки натпревар во кој Шалке не успеа да оствари победа. Црната низа е од 25 јануари годинава, кога тимот од Гелзенкирхен претрпе потоп од 0-5 од Баерн Минхен.
Со тоа Шалке се најде на 11-тото место на табелта со 39 бода во пресрет на финишот на сезоната во Бундеслигата, а фудбалерите на Давид Вагнер последна шанса да се стави крај на низата ќе имаат против Фрајбург, во последното коло на 27 јуни.
Околу лошата форма мораше да коментира Рафаел ван дер Варт, ексиграчот на Реал Мадрид и Тотенхем, кој во кариерата има настапувано во германското првенство како член на Хамбургер.
„Шалке е ужасен да се гледа во овој период, воопшто не е забавно тоа што се случува. Дури Гладбах има голман (Јан Сомер) кој е повешт со нозете и е подобар техничар речиси од цела екипа на Шалке“, истакна Ван дер Варт.