Некогашниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт даде своја анализа за финалето на Европското првенство, а докажаниот офанзивен играч за врска не можеше да се изначуди на една работа. Ван дер Варт беше изненаден како може играч како Деклан Рајс да вреди 100 милиони евра и дека џабе тој е англискиот репрезентативец кој имаше најмногу додавања во финалето (40 прецизни додавања).
„Што прави тој на теренот? Добива топка и само ја подава кон Стоунс, кој е веднаш зад него. Тој е некорисен. Ако вредите 100 милиони евра, тогаш треба да сте подготовени да играте со топката напред“, коментираше Ван дер Варт.
Минатото лето Рајс направи трансфер вреден 105 милиони евра од Вест хем во Арсенал и се смета за една од најголемите ѕвезди во англискиот фудбал. Во дресот на Гордиот Албион, Рајс досега одигра 58 меча, од кои 19 се на големи натпреварувања.
Ван дер Варт, кој го критикуваше Рајс, имаше блескава кариера која ја заврши пред неколку години, а неговата вредност никогаш не достигна како таа на Рајс во моментов. Холанѓанецот кариерата ја започна во Ајакс, а потоа играше за Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем, па повтороно во Хамбургер, па потоа се пресели во Бетис, Митјиланд, а заврши во дресот на Есјберг во 2018 година. Има и 109 настапи за Холандија, а во кариерата вкупно на клупско и репрезентативно ниво постигна дури 196 голови.