Холанѓанецот Руд ван Нистелрој беше ослободен од стручниот штаб на Манчестер јунајтед откако новиот менаџер Рубен Аморим од вчера и официјално започна со работа во клубот.
Ван Нистелрој ја презеде тешката задача да го стабилизира тимот по отпуштањето на Ерик Тен Хаг, при што под водство на Руд, Црвените ѓаволи имаа три победи и едно реми на четири меча.
И покрај одличниот настап и желбата на навивачите да го задржат во тимот, клубот реши да го ослободи. Од вчера Руд е слободен, но не недостига интерес за него.
Според медиумите во Англија, раководството на Евертон стапило во контакт со Ван Нистелрој уште пред тој да биде ослободен од Манчестер јунајтед. Новите американски сопственици на клубот од Ливерпул по завршувањето на сезоната ќе преземат сериозни кадровски промени во клубот.
Карамелите три сезони по ред се борат за опстанок во елитата и ако останат во Премиер лигата, Ван Нистелрој им е фаворит за наследник на Шон Дајш.