Ванда гола во кревет со друг маж, но разводот со Икарди е само трик за јавноста? (Фото)

Мауро Икарди и Ванда Нара наводно се разведуваат и веќе нема шанси да се смират, сопругата на фудбалерот јавно разменува нежности со рапер, дури и разголена лежи со него во кревет, но италијанските медиуми шпекулираат дека сето тоа може да е само трик!

Ванда се најде во спотот на раперот Л-Ганте, а таму тие се голи во кревет, „глумат“ како разменуваат нежности. Во последно време тие цело време се заедно, излегоа фотографии како се бакнуваат, а Икарди кој игра за Галатасарај, е во Турција, и чека расплет на ситуацијата.

Но, иако Ванда по којзнае кој пат вели дека е „готово“ меѓу неа и Мауро, Икарди го кажува обратното, па можеби тој ја кажува вистината и Ванда е со Л-Ганте само за потребите на снимањето на спотот, а потоа ќе се врати кај мажот во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести