Ванда пред дербито дојде во Истанбул и на Икарди му даде список со услови за договорен развод

Фудбалерот на Галатасарај, Мауро Икарди, и неговата жена Ванда Нара веќе не се заедно, но официјално се немаат разведено, постапката е во тек.

Икарди денеска од 18 часот има важно дерби против Фенербахче, а Ванда дојде во Истанбул и му доставила список со услови за заеднички договорен развод.

Ванда, која има две ќерки од Икарди, бара 500 илјади долари обесштетување ,и тоа секој месеци, бара да ги добие станот во Милано и вилата на брегот на езерото Комо, како и старателството на девојчињата. Токму ова последното е најголем проблем за Икарди и тука ќе има борба бидејќи двајцата исцртаа црвени линии по ова прашање.

Инаку Ванда сега е во врска со раперот Л-Ганте, додека Икарди е со актерката и модел Чина Суарес, а објави и фотографии на кои се гледа дека ќерките се блиски со новата девојка на татко им и тоа ја налути Ванда.

- Оглас -

Најнови вести