Шампионот Јувентус со победа ја заврши 2018 година, а во контроверзен меч со два гола на Кристијано Роналдо ја победи Сампдорија со 2:1.
ВАР системот и популарниот ЦР 7 беа главни на последниот дуел за двете екипи годинава, а судијата Валери дури трипати проверуваше спорни моменти. Досуди два пенали, од кои Кваљарела и Роналдо постигнаа голови и и поништи погодок на Сампдорија во самиот финиш за реми 2:2.
Кристијано Роналдо беше човекот на одлука со два погодоци и сега е прв стремец во Серија А со 14 голови, а првиот го постигна во третата минута. Потоа Валери досуди сомнителен пенал за гостите, откако проверуваше со Вар системот, а Кваљарела погоди за десетти гол на послендите 9 меча.
Потоа пак имаше спорен момент и по проверка на Вар системот и нов сомнителен пенал, овојпат за Јувентус. Роналдо постигна гол за победа, која можеше да лесно да се претвори во реми во финишот на мечот. Сапонара постигна прекрасен гол, но по нова проверка на ВАР системот, погодокот беше поништен поради офсајд за триумф на Старата дама од 2:1.
Јувентус ќе ја пречека Новата година на врвот на табелата со 53 бодови и без пораз на 19 натпревари во Калчото. Сампдорија е на петтото место со 29 бодови.