ВАР ќе се употребува во финалето од Лигата на Европа

УЕФА потврди дека ВАР-технологијата ќе се воведе во финалето од Лигата на Европа. На дуелот меѓу Челзи и Арсенал, кој ќе се игра во Баку, Азербејџан, за првпат ВАР ќе се воведе во ова натпреварување.

Иако уште во декември беше одлучено ВАР да се користи во Лигата на шампионите, таков не беше случајот со Лигата на Европа. Италијанскиот арбитер Џанлука Роки ќе биде првиот кој ќе ја користи технологијата во второто по квалитет европско натпреварување.

ВАР-технологијата најмногу се истакна во два случаи во Лигата на шампионите. Пеналот кој го доби Манчестер јунајтед во последните минути од реваншот против ПСЖ, по кој Црвените ѓаволи се пласираа во четврт-финалето, како и во реванш-пресметката од четврт-финалето меѓу Манчестер сити и Тотенхем. Стерлинг во 94-тата минута постигна гол за 5-3 во корист на Граѓаните, но тој беше поништен поради недозволена позиција, па така Тотенхем се најде во полуфиналето подари подобар учинок на гости.

Сепак, ова не значи дека од следната сезона ВАР ќе се користи во текот на целото натпреварување. Комплетно користење на ВАР ќе се воведе од сезоната 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести