ВАР му стави рампа на Тотенхем за нокаут-фазата, Кејн избегна офсајд, но Емерсон се фати во стапицата (Видео)

Особено драматично во Лигата на шампионите беше и во Тотенхем, покрај трилерот во Мадрид, а и на двата меча немаше победник, а мораше долго да се чека на ВАР-системот за конечни одлуки.

Во Мадрид, Атлетико доби пенал за победа во 99-тата минута, дури и откако мечот беше завршен, но Јаник Караско го промаши и Јорганџиите со реми 2:2 против Баер Леверкузен испадна од Лигата на шампионите.

Драматично беше и во Лондон, каде што Тотенхем направи комплетен пресврт против Спортинг Лисабон со голот на Хари Кејн во 95-тата минута, но погодокот за победа беше поништен.

Стрелецот не беше во офсајд, но фатен во стапица со потврда од ВАР-системот беше Енерсон Ројал, асистентот за поништениот погодок.

Тотенхем со победа ќе се пласираше во нокаут-фазата како 13-та екипа од вкупно 16, но засега има 12 сигурни учесници во осминафиналето.

Спарс за разлика од Атлетико Мадрид, ќе имаат шанса во последното коло со реми или победа против Марсеј на гости да се пласираат во нокаут-фазата.

Пред стартот на последното коло во Д групата, Тотенхем е лидер со 8 бода, пред Спортинг и Ајнтрахт Франкфурт со по 7 и Марсеј со шест.

Првпласираните две екипи ќе играат осминафинале во ЛШ, а меѓу себе ќе играат Марсеј и Тотенхем и Спортинг со Ајнтрахт.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести