Вест хем ја задржа посакуваната четврта позиција во Премиер лигата, откако одигра 2:2 на гости кај Лестер, во меч од 25. коло. Чеканите водеа со 1:0, но дури во 91 минута стигнаа до бод, кога израмнија на 2:2.
Дефанзивецот Крег Доусон погоди по изведен корнер, а тој гол предизвика многу дилеми. Според домаќините, Доусон погодокот го постигнал со рака, додека судијата кој побара и помош од ВАР системот, одлучи дека голот е регуларен.
Вест хем сега има 41 бод, еден повеќе од Манчестер јунајтед кој е на петото место со 40 бодови. Во трка за четвртото место се и Арсенал со 39 бодови, Вулверхемптон со 37 бодови, како и Тотенхем кој има 36 бодови, но и три меча помалку од Вест хем.