ВАР ситемот во распад во Англија – Сите се чудеа зошто го понишија голот на Кристал Палас против Ливерпул (Видео)

Ливерпул води со 1:0 против Кристал Палас благодарение на голот на Садио Мане на почетокот на второто полувреме. Голот на Мане беше одличен, но чудо е како судиите пред крајот на првото полурвеме го поништија погодокот на домаќините.

По еден „скратен корнер“, Џејмс Томкинс погоди со глава, а залудни беа реакциите на гостинскиот голман дека имало офсајд. Недозволена ситуација немаше, но ВАР системот „виде“ нешто друго. Погодокот на Кристал Палас беше поништен поради фаул над Дејан Ловрен, односно поради туркање во обид да се стигне до подобра позиција.

Никој од гостите, дури ни самиот Ловрен не се ни бунеше дека имало некаков фаул, но судијата сепак го поништи погодокот на Кристал Палас, па на полувреме се замина со резултат 0:0, а само неколку минути во второто полувреме Ливерпул поведе со 1:0.

Оваа контроверзна ВАР одлука доаѓа само еден ден откако судиите во Англија потврдија дека технологијата лошо реагирала и лошо проценила во четири ситуации. Една од тие е кога Арсенал даде гол за победа против Кристал Палас, но ВАР системот реагираше дека имало фаул, па Топчиите останаа без триумф.

https://youtu.be/lu2MBTDAe58

- Оглас -

Најнови вести