Судиите признаа дека ВАР му има украдено една победа на Арсенал

Уште во првата сезона во која е воведен ВАР системот, англиските екипи имаат многу забелешки на употребата на технологијата. ВАР системот е за да се намали бројот на судиските грешки, но по само неколку месеци, констатитрано е дека и технологијата знае да згреши, па да ги натера судиите да преиначат правилна одлука во неправилна.

На состанокот на кои учествувале тренерите, челниците на клубовите, акционерите на Премиер лигата, но и Одборот на професионални судии (ПГМОЛ), било потврдено дека ВАР системот знае да греши.

Една од четирите ситуации во кои ВАР погрешил е поништувањето на голот на Арсенал во дуелот против Кристал Палас. Судијата Мартин Еткинсон го призна погодокот на Сократис, но ВАР системот сигнализираше дека имало фаул, па радоста на Топчиите беше скратена. Подоцна судиите констатирале дека голот бил регуларен, а Арсенал наместо да победи, одигра нерешено.

ВАР системот додели и пенал за Брајтон по минималниот контакт на дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин со напаѓачот на Брајтон, Арон Конол. Судијата не досуди ништо, но ВАР системот покажа дека требало да има пенал. Токму тој момент го одлучи дуелот, бидејќи Брајтон даде гол и победи со 3:2.

„Подароци“ пенали добија и Манчестер јунајтед во дуелот против Норич, кога падна Даниел Џејмс, како и на Челзи во дуелот со Ватфорд.

„Најлошо е кога судијата на теренот ќе донесе вистинска одлука, а ВАР ќе покаже нешто сосема друго. Сепак, тоа се случува, тоа е дел од процесот и мора да бидеме толерантни. Во сите првенства се случува истото“, рече претседателот на ПГМОЛ, Мајк Рајли, кој додаде дека сепак со ВАР системот се подобило судењето, бидејќи во 91 отсто клучни ситуации е донесена исправна одлука, а ако не била технологијата, тој процент би паднал на 84 отсто.

 

- Оглас -

Најнови вести