15.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

ВАР трагедија – „малиот прст“ му беше во офсајд па поништија гол

Ливерпул води со 1:0 на полувремето против Вулверхемтон во меч кој можеше да има поинаков тек во првите 45 минути. Повторно во главна улога беше ВАР технологијата, која поништи погодок на гостите.

Повеќе од соминитенла беше ситуацијата во која Волците постигнаа погодок, но судијата реши да гледа повторена снимка од ВАР системот. Технологијата процени дека прстите на гостинскиот играч биле во офсајд и погодокот беше поништен.

Само неколку минути пред да биде поништен погодокот на гостите, ВАР системот одлучи дека Ливерпул дал регуларен погодок кога прецизен беше Садио Мане. Тој погодок се чини дека и беше регуларен, но за одлуката да биде поништен погодокот на Вулверхемптон, веднаш реагираа и поранешните фудбалски ѕвезди од Англија, кои се чудеа како можеше да не биде признаен погодокот за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести