ВАР циркус во Хрватска, некој не знае да ја користи технологијата (Фото)

Дарко Велковски одигра 61 минута во поразот од 0-1 на неговата Риека на гостувањето кај Осиек, во вечерашниот меч од хрватското фудбалско првенство. Екипата на Риека даде гол рано во првото полувреме, но погодокот беше поништен поради офсајд. Се гледаше и снимка на ВАР, Хрватите ја применуваат видео технологијата, но вечерва се случи голем кикс.

Делува дека играчот на Риека навистина е во офсајд позиција, но спорно е што линијата не беше повлечена за да се спореди позицијата на стрелецот со последниот играч во одбраната, туку црвената линија е кај претпоследниот играч.

 

- Оглас -

Најнови вести