Варан и Бензема рутински го решија Еспањол (видео)

Реал Мадрид ја продолжи победничката серија на четири меча во Ла Лига, совладувајќи го тимот на Еспањол со рутинирани 2-0. Кралевите повторно се лидери во првенството со три бода повеќе од Барселона, која пак подоцна треба да се соочи со Мајорка за да ја одржи неивесноста во битката за врвот.

Домаќините чекаа дури до 37-та минута за водечкиот гол, а го постигна Варан по асистенција на сонародникот Бензема. Деветката на Реал мораше да ги реши сите дилеми на мечот, го стори тоа на десетина минути пред крајот. Зидан сепак, се соочи со проблеми по црвениот картон на Менди во 83-тата минута, меѓутоа домаќините ја задржаа предноста и со играч помалку.

https://www.dailymotion.com/video/x7ow17f

- Оглас -

Најнови вести