Искусниот француски дефанзивец, Рафаел Варан, денеска пристигна во Комо на завршни преговори со новиот италијански прволигаш.
Интересно е дека според италијанските медиуми, трансферот во Комо не е 100% сигурен, бидејќи и Рома е сериозно заинтересирана и наводно ќе се обиде со добра понуда го привлече Варан во своите редови.
На Варан договорот со Манчестер јунајтед му истекува утре, тој рече дека нема намера да остане на „Олд Трафорд“, а проблем за трансфер во Комо може да биде високата плата која ја бара.