Ракометарите на Вардар 1961 му се реваншираа на Еурофарм Пелистер за поразот во Суперкупот на Македонија од пред некој ден и ги совлада битолчани со 33-32 во финалето на 49-тиот Меѓународен турнир во Струга. После 60 минути игра беше 28-28, а и во продолженијата имаше голема неизвесност.
Вардарци изнудија пенал на три секунди до крајот од средбата, а Тимур Дибиров со својот десетти гол беше прецизен и му донесе трофеј на Вардар во Струга.
Дибиров е МВП на турнирот, најдобар голман е Мартин Секељи од Еурофарм Пелистер, а најдобар стрелец е Златко Мојсовски од Бутел Скопје.
Вардар за првпат после цели 14 години е освојувач на турнирот во Струга по 2007 година и сега со по 14 трофеи се изедначи со Пелистер на врвот на најуспешни клубови во историјата на турнирот.