Вардар 1961 знае да биде многу опасен кога е потценет

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 вечерва од 20.45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ го чека тешка задача против германски Кил во Лигата на шампионите, но иако навидум гостите се големи фаворити на хартија и би требало да победат, не е така.

Вардарци дома имаат играч плус, тоа е публиката, а кај Кил ќе ги нема ѕвездите Сагосен и Вајнхолд, па затоа многу храбри прогнозери ќе типуваат навивачки на единица. Квотата за победа на Вардар 1961 е доста голема, 4.40.

Вардар во минатото коло одигра на своето ниво и загуби дома од Монпелје, иако беше фаворит, но затоа Црвено-црните често знаат да изненадат кога се во улога на аутсајдери и многумина ги отпишуваат однапред.

Кил има само два порази на осум меча против Вардар, но уште паметат како беа елиминирани од нашиот тим во четвртфиналето во 2018 година. Германскиот гигант не е во идеална форма, можеби ова е идеална прилика за Вардар да слави.

- Оглас -

Најнови вести