Вардар е прогласен за шампион за сезоната 2019/20, откако управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата сезона. Црвено-црните може да се радуваат на 11-тата национална титула во клупската историја, по што беа првопласирани пред прекинот на првенството поради пандемијата со корона-вирусот.
„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ со која првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020. Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020“, стои во соопштението на ФФМ.
Сепак, Вардар како шампион нема да ја претставува Македонија во квалификациите за ЛШ бидејќи не доби лиценца, а местото за настап на меѓународната сцена му припадна на Силекс.