Џекпот за кратовци: Силекс ќе игра во Лигата на шампионите!

Силекс од Кратово ќе биде македонскиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите за следната сезона е одлуката на денешниот состанок на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Кратовци добија вистински џекпот затоа што лидерот Вардар не доби лиценца за настап во Европа, па Силекс како второпласиран на табелата во прекинатото првенство ќе биде дел од елитното натпреварување.

Што се однесува за местата коишто водат во Лигата на Европа, тие се резервирани за Шкендија, Ренова и Шкупи. Според табелата која беше до прекинот на првенството, Шкендија и Ренова беа на третото и четвртото место и затоа ќе бидат дел од Европа.

Спорно беше дали последното место треба да му припадне на Шкупи или на Македонија Ѓорче Петров. Двете екипи имаа еднаков број бодови, Македонија беше подобра во меѓусебните дуели, но сепак тимот од Чаир ќе игра во Европа. Според ФФМ, одлучи комет табелата која е во моментот на прекинатото првенство. Меѓусебниот дуел ќе бил пресуден само ако првенството биде завршено, па Македонија ЃП е клубот кој извиси со оваа одлука на челниците на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести