Вардар есенски првак, остана непремостлив за пандевци, Ибраими испиша историја

Вардар ја совлада Академија Пандев со 3-0 во дербито на 17-тото коло во првата фудбалска лига, и сега бега осум бода во однос на најблиските конкуренти. Аврамовски даде два гола, а точка стави Брдаровски. За пандевци, ова е прв пораз на свој терен сезонава, а Вардар е сигурен есенски првак, и во следното коло ја пречекува Шкендија.

Шкендија го презеде второто место откако во Тетово му одржа лекција на Шкупи. Со двата гола кои ги даде, Бесарт Ибраими стана прв стрелец во историјата на македонската прва лига. Тој сег има 167 гола во првата лига и го надмина досегашниот рекордер Баже Илиоски.

РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Вардар 0-3, Борец – Ренова 1-0, Работнички – Силекс 1-1, Шкендија – Шкупи 4-0. Вчера: Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Лум 1-1.

ТАБЕЛА: Вардар 35 бодови, Шкендија и А. Пандев по 27, Силекс 24, Македонија ЃП и Струга по 23, Шкупи 22, Борец 19, Ренова 16, Работнички 15.

- Оглас -

Најнови вести