19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Вардар ги одреди цените за хуманитарниот меч против Црвена ѕвезда

Од канцеларијата на ФК Вардар информираа дека билетите за хуманитарниот меч против Црвена ѕвезда кој ќе се игра на 16 април на арената „Тодор Проески“ ќе бидат по популарни цени од 100 и 200 денари.

Билетите за Северна и Јужна трибина ќе се продаваат по 200 денари, а само 100 денари чинат билетите за Исток и Запад.

Претседателот на Вардар, Миленко Неделковски, потенцира дека секој што ќе биде на стадион, ќе мора да плати карта, а собраните средства ќе бидат наменети за настраданите во трагедијата во Кочани. Единствено бесплатен ќе биде влезот за децата од основните школи од Кочани.

„Бесплатно за децата од основните школи од Кочани што организирано би дошле.
Сите други плаќаат, почнувајќи од мене и Претседателот на ФФМ до секој добронамерник и хумана личност што ќе дојде на натпреварот“, вели Неделковски.

- Оглас -

Најнови вести