Фудбалерите на Вардар загубија од ерменскиот Алашкерт со 0-3 на последниот подготвителен пријателски меч на Црвено-црните во Анталија.
Вардарци во Турција одиграа шест меча, не добија ниту еден, а вкупната гол-разлика им е 3-14. Алашкерт е четвртопласиран во ерменската лига, но има помалку бодови само од лидерот Арарат.
Настап за Вардар имаше повратникот Дарко Велковски, а екипата утре се враќа дома, по што ќе продолжи со подготовки за вториот дел од сезоната, во кој целта е освојување на шампионската титула.

