30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Вардар го доведе голманот на Струга Трим Лум

Тоа што се очекуваше во текот на изминативе денови, сега е потврдено. Ведран Ќосевски е нов голман на Вардар и ќе биде дел од Црвено-црното семејство до крајот на сезоната.

Ќосевски го раскина договорот со Струга Трим Лум каде што бранеше минатата сезона и на почетокот на оваа сезона, а сега ќе го облече дресот на најтрофејниот клуб во Македонија.

Се работи за некогашниот репрезентативен голман на младинската селекција на Босна и Херцеговина, а во Вардар доаѓа за да донесе стабилост во дефанзивната линија. По првите четири кола Вардар има три победи и едно реми и со 10 бодови е на третото место на табелата.

Сепак, проблем е тоа што Вардар во сите четири меча прими намалку еден гол (вкупно шест примени погодоци).

- Оглас -

Најнови вести