Вардар го сруши лидерот, но Алкалоид со насмевка си заминува од „Јане Сандански“

Ракометарите на Вардар му го нанесоа првиот пораз на лидерот Алкалод и победија во „Јане Сандански“ со 29-27. За Алкалоид ова е прв пораз оваа сезона, но остануваат на врвот од отабелата во Супер лигата, иако имаат ист број на бодови со Вардар, по 22, со оглед на тоа дека првиот меч во „Автокоманда“ победија со 33-30.

Вардар имаше шанса да победи и со 30-27 и да има подобар меѓусебен скор од Алкалоид, но ударот на Срдановиќ од пенал после истекот на времето беше одбранет од Галевски.

„Црвено-црните“ одлично го започнаа мечот и на самиот старт дојдоа до 3-0, но Алкалоид се врати резултати, дури успеа и да поведе. Сепак, на полувремето Вардар имаше водство од 15-13. Во второто полувреме „фармацевтите“ успеаја да израмнат, но не и да поведат, а Вардар во поголемиот дел од вториот дел ги имаше посакуваните три гола разлика, кои на крајот не успеа да ги одбрани.

- Оглас -

Најнови вести