Најтрофејниот македонски клуб Вардар го задржа српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ уште една сезона. Тој ја продолжи соработката со Вардар и за наредната сезона.
Српскиот интернационалец пристигна во клубот за време на зимскиот преодоен рок, а во дресот на Вардар одигра 15 натпревари, на кои постигна вкупно три гола.
„Дефанзивецот денес потпиша договор на една година и се надеваме дека во периодот што следува ќе успее уште повеќе да придонесе кон остварувањето на целите кои пред себе ги има поставено големиот Вардар“, објавија од клубот.