Дербито на 27. коло во македонската Прва лига се игра на стадионот „Борис Трајковски“, каде Вардар е домаќин на Академија Пандев. Мечот кој започнува во 15:30 часот ќе биде пресметка за второто место на табелата. Вардар е фаворит, а и традицијата е на страната на „црвено-црните“.
Откако Академија Пандев влезе во Прва лига, струмичани никогаш не се радувале против најтрофејниот македонски клуб. Во шест меча, Вардар има четири победи, а две средби завршиле нерешено, а вкупната гол разлика е 12:4 во корист на екипата од „Градски парк“.
Вардар има четири бода повеќе од Академија Пандев и со евентуална нова победа ќе има многу помирна завршница во трката за второто место, кое води во квалификациите за Лигата на Европа. Струмичани сезонава на гости имаат по пет победи и порази и само едно реми, додека Вардар дома од 12 средби се радувал осум пати, а примил само шест гола.
Во останатите дуели од ова коло ќе играат Беласица – Силекс, Македонија ЃП – Победа, Шкендија – Ренова и Шкупи – Работнички и на сите мечеви може да се обложувате во Sport Life.