Вардар и Алкалоид остануваат максимални, билдаа гол-разлика против Неготино и Струга

Екипите на Вардар и Алкалоид со убедливи победи над Вардар Неготино и Струга го отворија петтото ракометно суперлигашко коло, со што и двете остануваат со максимален ефект од пет победи на исто толку натпревари.

“Црвено-црните“ од Скопје немаа никакви проблеми против истоимениот ривал од Неготино и победија со 35-19, откако на полувремето имаа предност од 18-10. Ќосевски и Николиќ беа најпрецизни во победничкиот состав со по шест голови.

Уште поубедлив беше составот на Алкалоид кој на домашен терен ја совлада Струга со 38-18. Избраниците на Кирил Лазаров долго се мачеа, а стружани имаа негатива од само два голови на почетокот од второто полувреме, кога Алкалоид водеше со 17-15. Сепак, во продолжение од второто полувреме вицешампионот на Македонија покажа класа и комплетно го разби противникот.

 

- Оглас -

Најнови вести