Екипата на Вардар 1961 тргна со пораз под водство на новиот тренер, Давид Дејвис Камара.
Во првиот натпревар клупски натпревар од новата година, „црвено-црните“ изгубија од Нексе со 24:25, во рамките на првото коло од групата Б за овогодинешната СЕХА-газпром лига.
Иако на полувреме, вардарци имаа негатива од 11:13, во вториот дел, нашиот тим имаше одличен старт, и со серија од четири еднподруги погодоци дојде до водство од 15:13.
Сепак, Нексе не се откажа така лесно и успеа да израмни, а до самата завршница од средбата, се играше гол за гол.
Во 53-та минута, Кевин Њокас доби две минути исклучување, а потоа судиите досудија и пенал за Нексе, по кој гостите израмнија на 23:23, а по промашениот напад на Вардар, гостинскиот голман Доминик Кузмановиќ постигна гол од својот шестерец за 23:24.
Вардар израмни на 24:24, но на 25 секунди до крајот, Предраг Вејн даде гол од тешка позиција со што го постави конечниот резултат од 24:25.
Најефикасен на средбата беше Фарундин Мелиќ од Нексе со шест погодоци, додека во редовите на Вардар, Тимур Дибиров и Џоел Куњи Мораеш имаа по пет погодоци.