Незгоден е Нексе, вардарци губат на полувреме во дебито на Давид Дејвис

Ракометарите на Вардар 1961 губат по првото полувреме на свој терен од Нексе со 11-13 во првото коло на новата сезона во СЕХА лигата. Деби на клупата на Црвено-црните има Давид Дејвис, но вардарци не играат според очекувањата на навивачите во „Јане Сандански“.

Јагањац со 4 гола е најефикасен поединец кај Нексе, и Вардар мора да го неутрализира ако сака пресврт и победа. Моралес и Георгиевски со по три погодоци се најефикасни кај Вардар по првото полувреме, а и голманот на Нексе е порасположен од македонското дуо на голот на македонскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести